Ацевска со бронза од Европското првенство во џиу џицу борби
Како носител на групата, Ацевска во првото коло беше слободна. Во второто коло се сретна со противничка од Германија и изгуби. Во третото коло се сретна со Италијанка и победи со 9-2. Во борбата за медал се бореше против натпреварувачка од Хрватска и победи со резултат 14-4.

„Задоволен сум од настапот на Катерина, успеавме во конкуренција од 10 борци да дојдеме до третото место. Сепак, морам да нагласам дека ждрепката не ни беше наколнета, Русинката што стана европски шампион за 2026, пред само неколку месеци изгуби од Катерина на Светското првенство во Тајланд, Тука не се сретнаа. Потоа морам да нагласам дека борецот од Хрватска во 2024 година беше светски шампион, Катерина пет пати по ред на различни турнири губи токму од неа, но вчера за првпат ја победи што укажува на спремноста и решителноста на Катерина. Германката што вчера стана европски вицешампион изгуби од Катерина на минатото Европско првенство во Белгија. Сепак сум задоволен, продолжуваме понатаму“, рече селекторот.

Ацевска е втора на Светската ранг листа, во моментов со најдобар ранг во било кој спорт во Македонија. Џиу џицу е национален спорт во Македонија од 2009 година, со Решение "ДЕЈНОСТ СПОРТ", поддржан од страна на Министерството за спорт.