Тотнем со гол на Ришарлисон во 90. минута се спаси од пораз кај Ливерпул (ВИДЕО)
Доминик Собослаи со прекрасен гол од слободен удар го отвори резултатот во 18. минута, додека Тотнем беше поконкретен во второто полувреме.
Една од шансите за Тотнем беше искористена од Ришарлисон во 90. минута кој погоди за конечни 1-1.
Тотнем пред гостувањето во Ливерпул беше во серија од пет порази по ред во англиската елита.
Ливерпул е на петтата позиција со 49 бодови, додека Тотнем е на 16. место со 30 поени.