Тудор се жали: Никогаш не сум го видел ова во мојата кариера!

Тренерот на Тотнем, Игор Тудор се пожали за проблемите кои ги има со повредени фудбалер во пресрет на дуелот со Ливерпул во Премиер лигата.

Тудор со Тотнем има четири порази од исто толку натпревари, а во недела му гостува на Ливерпул на Енфилд, потоа доаѓа реваншот со Атлетико Мадрид. Распоредот е ужасно тежок, а се бара излез од кризата.

На денешната прес-конференција Хрватот се пожали на проблемите со повреди иако рече дека нема да плаче.

„Кути Ромеро и Палиња се надвор од стројот. Мики ван де Вен е надвор. Бисума има проблем и Конор има настинка но се надеваме дека ќе биде во ред. Секогаш нешто се случува. Никогаш не сум видел вакво нешто во мојата кариера. Но ќе се бориме, нема да плачеме“, рече Тудор.