Легендата се враќа: Виља повторно во Атлетико

Најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезентација Давид Виља доби работа во Атлетико Мадрид, за кој некогаш играше со голем успех.

Иако го носеше дресот на овој клуб само во сезоната 2013/14, тој остави длабока трага, бидејќи со „јорганџиите“ ја освои титулата во шпанската Ла Лига, а исто така стигна и до финалето на Лигата на шампионите. Неговите голови беа многу важни за Атлетико, кој не го заборави, иако всушност Виља остави поголем белег, на пример и во Валенсија и Барселона, како и во шпанската репрезентација.

Сега му се доделени две важни улоги, бидејќи стана советник на клубот и член на Управниот одбор на Атлетико.

„Му посакуваме добредојде дома на еден од нашите херои од сезоната 2013-14“, напиша Атлетико во објава на социјалните мрежи.

Атлетико моментално е трет во шпанската Примера дивизион со 54 бода, 13 зад лидерот Барселона, но е израмнет по бодови со четвртопласираниот Виљареал.