Дени Мусовски стави потпис на нов договор, останува во Сиетл!

Дени Мусовски кој се очекува да се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски за престојните натпревари на Македонија, потпиша нов договор со својот клуб Сиетл Саундерс.

Македонскиот фудбалер стави потпис на договор со Сиетл до сезоната 2027/28, со опција за продолжување на плус уште една сезона.

Минатата сезона Мусовски даде 16 голови во МЛС, во оваа сезона која штотуку почна тој запиша три настапи влегувајќи од клупата.

Кариерата на Дени Мусовски тргна преку Сан Хозе Ертквејкс, потоа беше дел од Рено, па Лос Анџелес и Солт Лејк пред да потпише со Сиетл во февруари 2024 година.