Аларм за гигантите: Еден од најважните во Сити летово заминува бесплатно!
Во изминатите години повеќепати се шпекулираше за негов можен трансфер, а најчесто се поврзуваше со Барселона. Португалецот беше блиску до преселба на „Ноу Камп“ и за време на периодот кога тренер на каталонскиот клуб беше Чави Ернандез, но тогаш трансферот не се реализираше.
Силва во Сити е речиси една деценија и одигра близу 500 натпревари и ако се остварат најавите на Морето, сигурно дека летово ќе биде еден од најбарните на трансфер пазарот.
И покрај тоа што во август ќе наполни 32 години, Португалецот и натаму важи за играч кој може да понуди многу на теренот. Во лига со помал интензитет од англиската, тој без сомнеж би бил големо засилување.
Како можни дестинации се споменуваат Шпанија и Италија. Барселона сè уште не смее да се отпише од трката, но во последно време сè почесто се споменува и Јувентус.