Заврши апсолутната доминација на Флик во шпанскиот фудбал
Од доаѓањето на клупата на каталонскиот клуб, стручњакот од Германија ги освои сите можни трофеи во Шпанија, се до синоќа, кога потклекна пред Атлетико Мадрид. Два пати го освои Суперкупот со две победи против Реал во финалните дуели, лани триумфираше во ЛА Лига и во Копа дел Реј. До крајот на сезоната, од трофеите во Шпанија, на Флик му останува шпанското првенство, но и Лигата на шампионите која лани не успеа да ја освои.
Интересно е тоа што Барселона и Атлетико ќе се сретнат повторно идниот месец во Ла Лига, а потоа можност да се судрат и во четвртфиналето од Лигата на шампионите бидејќи се наоѓаат на истата страна од ждрепката.