Вулвс го има лекот за фаворитите: Андре во 94. минута му пресуди на Ливерпул! (ВИДЕО)
Откако му зема бод на Арсенал и ја победи Астон Вила, денеска на менито на волците беше и Ливерпул.
Немаше голови се до 78. минута кога Гомеш постигна гол за водство на Вулвс од 1-0, но пет минути подоцна Салах го изедначи резултатот на 1-1.
Во тие моменти се чинеше дека Ливерпул има време да направи пресврт и да дојде до победа, но наместо тоа се случи шок.
Андре даде гол во 94. минута за победа на Вулвс од 2-1.
Во другите натпревари од Премиер лигата кои се играа денеска, Евертон со 2-0 го победи Барнли, Сандерленд со 1-0 славеше на гостувањето кај Лидс, немаше голови на дуелот меѓу Борнмут и Брентфорд.