Брегалница реагира: Денеска во Тетово победник беше судијата! (ВИДЕО)
Неколку часа по средбата штипјани преку социјалните мрежи се пожалија не неколку одлуки на судијата Боби Величков тврдејќи дека се драстично оштетени.
„Во текот на првенството досега никогаш јавно се немаме пожалено на ниту една одлука, но денес судијата Боби Величков имаше една цел - по секоја цена Брегалница да не си оди од Тетово со победа.
1) Во 10' при прем на топка од страна на Аљбан Мемеди и потенцијална шанса за Брегалница, судијата суди фаул за домаќините.
2) Во 68' при пробив на Стефан Коцев, нашиот играч грубо е повлечен за дрес, навидум чист жолт картон. Судијата не досуди ниту фаул за Брегалница.
3) Во 85' чист пенал над Стефан Коцев (видео). Судијата Величков повторно остана нем!
4) На мечот имаше 10 измени во второто полувреме и 8-10минутен прекин при повреда на Виктор Серафимовски, каде што амбулантното возило мораше да влезе на терен. Судијата Величков го продолжи мечот со САМО 5 МИНУТИ!
!!! Натреварот се играше со 1 (една) топка, при секој прекин, времето одминуваше, а часовникот на Величков уште побргу вртеше !!!
Натпреварот иако заврши 0:0, сепак на крај имаше победник, тоа беше главниот судија Боби Величков!“, стои во нивната реакција.
Со ова реми Брегалница падна на четвртата позиција, а ги прескокна Скопје кој славеше над Шкендија Арачиново во Сингелиќ, изненадувачки беше и денешниот резултат на Охирд кој загуби од Осогово.