Шоу на Мареј, Денвер им се врати на победите! (ВИДЕО)
Јута е еден од најслабите тимови оваа сезона, а тоа го искористи Денвер за да дојде до победа и да си ја крене самодовербата за следните предизвици.
Клучна беше третата четвртина која Денвер ја доби со 34-26, Нагетс тука создадоа предност која успеаа да ја задржат и да дојдат до триумф.
Број еден на теренот беше Џемал Мареј кој постигна 45 поени, имаше и осум асистенции, Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл учинок 22 поени и 12 скокови, најдобар кај Јута беше Џорџ со 36 поени.
Резултати:
Вашингтон - Хјустон 118-123
Милвоки - Бостон 81-108
Јута - Денвер 125-128
Голден стејт - ЛА Клиперс 101-114