Винисиус наскоро става потпис на договор - ќе заработува 27 милиони евра годишно!
Шпанските медиуми пишуваат дека директните преговори меѓу двете страни се во тек, а Винисиус се чувствува среќен во Мадрид и сака во иднина да го носи дресот на Реал.
Според информациите, Винисиус ќе заработува по 27 милиони евра, односно три милиони помалку отколку што бараше за да потпише договор.
Бразилецот пристигна во Мадрид во 2018 година од Фламенго за 45 милиони евра.