Засилување во Битола: Пристигнува хрватски пивотмен од Бундеслигата!

Во денот кога беше потврдено дека тимот од наредната сезона ќе биде без Доминик Тајник, Пелистер потврди и засилување кое пристигнува на местото Мохамед Калед Валид.

Имено, нов ракометар на битолскиот клуб е хрватскиот кружен напаѓач, Никола Граховац. Граховац кој има 27 години во Битола пристигнува од германски Вецлар и веднаш ќе се стави на располагање на тренерот Стевче Алушовски. Покрај настапите во Бундеслигата 201 сантиметри високиот пивотмен зад себе има искуство во Загреб и Веспрем. Со Пелистер Граховац стави потпис на договор до крајот на наредната сезона со можност за продолжување на соработката на уште една година.

Дресот на репрезенацијата на Хрватска го носеше на ЕП 2022 и Олимписките игри во 2024, а своевремено беше дел и од младинските селекции на репрезентацијата.

Од Пелистер најавија и дека неговото претставување пред јавноста ќе биде до крајот на неделата.

Фото: EPA