Слован му го „краде“ мозокот на Пелистер – Тајник се враќа во Словенија!
Организаторот на игра на македонскиот шампион по три сезони ја напушта Битола и се враќа во родната земја, откако одлучи да прифати нов предизвик по истекот на договорот на крајот од актуелната сезона. Тајник беше едно од клучните имиња во редовите на Пелистер и важен дел од тимот кој двапати ја освои шампионската титула во Македонија, како и редовен учесник во Лигата на шампионите.
Тој со клубот предводен од Урош Зорман потпиша тригодишен договор, што јасно покажува дека во Љубљана сметаат на него како носител на играта во наредниот период. Слован и минатата сезона се обидуваше да го врати Тајник, но тогаш тој реши да остане во Битола и да продолжи со проектот на Пелистер. Овојпат, одлуката е поинаква – следи враќање дома.