Атанасовска не го заврши ниту настапот во слалом на ЗОИ во Милано-Кортина!

Со денешниот настап на Јана Атанасовска заврши учеството на македонските спортисти на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина и тоа неславно, со оглед што алпската скијачка не успеа да ја заврши трката во слалом, откако испадна уште на стартот од првото возење.

Таа направи грешка во воведниот дел од патеката и предвреме го заврши настапот, поради што не обезбеди пласман во второто возење. Сличен епилог имаше и на велеслаломската трка пред неколку дена, кога исто така не успеа да ја заврши првата трка. По првото возење во слаломот, во водство се наоѓа Микаела Шифрин од САД, која важи и за најголема фаворитка за освојување на златниот медал.

Со ова официјално е затворено македонското учество на овие Олимписки игри. Претходно, боите на Македонија ги бранеа и Ставре Јада, Ана Цветановска и Виктор Петков.

ФОТО: EPA PHOTO