Разголувањето на жешката Холанѓанка не е за џабе - вреди речиси милион евра!

На Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, холандската брзолизгачка Јута Лердам освои златен медал на 1.000 метри и сребро на 500 метри покажувајќи ја својата одлична форма во која се наоѓа.

Но, покрај спортскиот успех, причина за задоволство имаше и нејзиниот личен спонзор „Најк“. Според олимписките правила, дозволено е да се истакнува само логото на производителот на опремата, додека секој друг вид рекламирање е строго забранет.

Иако Холандската федерација за брзо лизгање соработува со брендот „Фила“, Леердам приватно е спонзорирана од американскиот гигант. Така, под нејзиниот аеродинамичен натпреварувачки костим беше видлив спортски градник од „Најк“, па со цел да го покаже пред камерите веднаш по завршувањето на трката го откопча костимот и се разголе.

Со оглед на тоа што на Инстаграм има 6,2 милиони следбеници, јасно е колкава вредност има секој кадар што ќе се појави во јавноста.

Според проценките на експерти за спортски маркетинг, Леердам од „Најк“ наводно заработува околу 850.000 евра годишно. Дополнително, секоја спонзорирана објава на Инстаграм може да ѝ донесе околу еден цент по следбеник, односно приближно 62.000 евра по објава во која се појавува „Најк“ или друг партнер.

Фото: EPA