Противникот на Шкендија во Конференциската лига ангажира нов тренер
Самсунспор го отпушти Германецот Томас Рајс на 14 февруари по лошите резултати, а денеска го промовира неговиот наследник, Торстен Финк.
Финк потпиша договор на една ипол година со Самсунспор, а претходно работеше во Генк, Ал Наср, Австрија Виена, Базел и други екипи, додека како фудбалер го носел дресот на Баерн Минхен.
Шкендија и Самсунспор го играат првиот меч в четврток од 21 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.