Ужас во Србија: Загина поранешна спортистка по судир со камион! (ФОТО)

Синоќа, околу 20.54 часот, се судриле патничко и товарно возило, а медиумите објавија дека во несреќата загинала поранешната тенисерка Татјана Јечменица.

Поранешната српска репрезентативка го загубила животот на лице место, додека нејзиниот сопруг бил тешко повреден.

Пожарникарите успеале да ги извлечат двете лица од нивното возило, кое се движело наназад по обиколница кога во тој момент налетал камион.

Најдобар пласман во нејзината кариера беше 72. место на ВТА-листата, а работеше и како селекторка на женската репрезентација во рамки на ФЕД Купот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)