Почнува Куп спектаклот во Куманово – повторно е МЗТ главен фаворит
Пехарот го брани МЗТ Скопје кој е најуспешен во Купот на Македонија со 13 пехари, три повеќе од најголемиот ривал со кого се среќава денеска, уште во четвртфиналната фаза.
Како актуелен освојувач на тројната круна во домашната кошарка, МЗТ Скопје на хартија е прв фаворит и оваа година. Иако се наоѓа на второто место на табелата во првенството, шампионот е доминантен во домашната кошарка и не е лидер само поради административната грешка на дуелот со Ангели кога му беше одземена победата и еден бод. Јасно е дека останатите екипи ќе имаат голем мотив да го симнат МЗТ од тронот, но прашање е дали е некој способен да го направи тоа.

Аеродромци се доминантни во домашната кошарка во последните 15 години и ги освоија сите трофеи од 2022 наваму. Последниот што успеа да му се спротивстави и да го запре е ТФТ во финалето од Купот на Македонија пред четири години по што почна апсолутната доминација на „штрковите“. Оваа година е можна реприза на финалето од 2022, ако МЗТ Скопје и ТФТ успеат да ги поминат своите пречки во четвртфиналето и полуфиналето.
Денеска се играат четвртфиналните дуели, а најинтересно се очекува да биде на пресметката меѓу домаќинот МКК Куманово и Пелистер. ТФТ е фаворит против Феникс, а се очекува жесток натпревар и меѓу Маџари и финалистот од лани Кожув.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА
12.00: ТФТ – Феникс 2010 (1)
14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (2)
17.00: Кожув – Маџари (3)
19.30: Пелистер – МКК Куманово (4)
САБОТА
ПОЛУФИНАЛЕ
17.00: Победник 1 – Победник 4
19.30: Победник 2 – Победник 3
НЕДЕЛА
19.00: Финале