Калулу побрз од судијата - Јувентус извлече бод во 96. минута (ВИДЕО)

Три дена откако беше елиминиран од Купот, Јувентус на домашен терен ремизираше со Лацио (2-2), благодарение на гол во последните секунди од натпреварот.

Пјер Калулу го спаси домашниот тим од пораз на самиот крај од натпреварот, во 96. минута. Сè друго беше повеќе или помалку за заборав во играта на тимот од Торино. Гостите водеа со 2-0 благодарение на головите на шпанскиот ветеран Педро во судиското продолжение од првото полувреме и на Данецот, Густав Исаксен ма почетокот на вториот дел.

 

 

Јувентус беше во агонија се до 59. минута кога Мекени го искористи центаршутот на Камбјазо и намали на 1-2, а потоа изврши инвазија врз голот на Лацио. И кога се чинеше дека Јуве нема да се спаси и конечно ќе го запише првиот пораз во сезоната, Калулу се појави од никаде и со глава ја упати топката во мрежата.

Освоениот бод не врши работа на ниедна од екипата бидејќи Јувентус остана далеку од Наполи, а Лацио го губи чекорот во битката за Европа.