ФФМ ја поднови Националната арена со 210 метри лед екран
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ ја потврди новата инвестиција.
„Инвестиција што се гледа: 210 метри сопствен ЛЕД екран.
Инвестиција за подобро искуство на натпреварите, поголема видливост за нашите партнери и дигитален фудбалски амбиент.
До сега, единствено во Македонија рекламите на стадионите се поставуваа преку “дрвени табли”.
Правиме исчекор кон современите стандарди. Без изнајмување, со јасна визија
Уште едно исполнето ветување, уште еден конкретен чекор кон професионализација и стандарди какви што заслужуваат репрезентацијата, публиката и фудбалот во Македонија.
Фудбалот на прво место. Напред Македонија“, напиша Омерагиќ.