Нов предизвик за Горазд Михаилов - ќе биде тренер во Литванија!

Македонскиот тренер Горазд Михаилов добива нов предизвик во кариерата, односно ќе работи како стратег на литвански Ритериаи.

Михаилов има огромно искуство на фудбалските терени, откако работеше како тренер на Беса, Брера, Вардар, Силекс, Борец и Ал-Дафра, но и како помошник во екипите на Хата, Тетекс, Ал-Кадсија, Рудар и други.

Ритериаи минатата сезона ја заврши на деветтата позиција од 10 екипи, а од купот испадна во втората рунда.