Барселона сака да го организира финалето во ЛШ во 2029 година

Шпанскиот гигант Барселона, заедно со градското собрание на градот и Владата, поднесе документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на Лигата на шампиони (ЛШ) во 2029 година.

Барселона покажа подготвеност, во соработка со властите, да учествува во организирање на финалето на најелитното клупско натпреварување.

Конечната кандидатура ќе биде формално потврдена на почетокот на јуни годинава, до кога се очекува да бидат предадени сите потребни документи до УЕФА.

„Камп Ноу“ неодамна беше реновиран, па поради тоа Барселона смета дека стадионот има идеални услови за организација на големо натпреварување.