Новак е голем господин - го исправи судијата, не прифати подарен поен и го загуби сетот (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој во моментов е четврти на АТП листата, дојде до полуфинале на Австралија опен, откако Лоренцо Мусети го предаде дуелот поради повреда, и тоа во момент кога Италијанецот водеше со 2-0 во сетови (6-4, 6-3).

Ѓоковиќ имаше предност од 3-1 во третиот сет, но веќе беше јасно дека Мусети има сериозни проблеми со бутниот мускул и не е во состојба да го продолжи мечот. Така, полуфиналето дојде на несекојдневен начин, без вистинска завршница на теренот. Сепак, овој дуел ќе се памети по еден господски и фер-плеј потег на Ѓоковиќ, кој уште еднаш покажа зошто ужива огромна почит во светот на тенисот – без разлика на резултатот.

При водство на Италијанецот со 5-3 во вториот сет, на сервис на Ѓоковиќ, судијата му додели поен на Србинот и резултатот стана 40-15. Но, наместо да ја прифати одлуката, Новак веднаш реагираше и му призна на судијата дека топчето го закачило неговиот рекет пред да излезе во аут. Поенот беше коригиран, а со тоа гемот и сетот му припаднаа на Муsети – редок момент на врвен фер-плеј на најголемата сцена.

ФОТО: EPA PHOTO