Бизарно: Девојката на деветтиот тенисер заработила повеќе пари од него на Австралија опен!
Иако пласманот меѓу најдобрите 16 на првиот гренслем во сезоната му донесе околу 280.000 евра, Фриц остана во сенка на својата девојка, популарната инфлуенсерка Морган Ридл, која за време на турнирот заработила – повеќе од него! Според светските медиуми, таа инкасирала околу 290.000 евра, благодарение на експлозијата на популарноста на Инстаграм (над 7.000 нови следбеници) и низа спонзорски договори поврзани со нејзиното присуство на Австралија опен. Бизарната приказна добива уште поинтересен пресврт ако се знае дека таа уште пред турнирот го „пецнала“ Фриц.
„Мораш да минеш осминафинале, во спротивно ќе заработам повеќе од тебе“, му рекла низ смеа.

И била во право.
„Ова стана мало натпреварување меѓу нас на гренслемите – кој ќе заработи повеќе. Тој секогаш ме поддржува, а така станавме семејство со два сериозни извори на приходи“, изјави Морган.
Да успееше да оди чекор понатаму, Фриц во четвртфиналето ќе се соочеше со Новак Ѓоковиќ, кој во меѓувреме профитираше од предавањето на Мусети и обезбеди пласман во полуфиналето.