Данска ја прегази Шпанија и ја остави без шанси за полуфинале на ЕП

Ракометарите на Данска денеска ја надиграа Шпанија со 36-31 во втората фаза од Европското првенство (ЕП) со што се приклучија на Франција и Германија во трката за пласман во полуфинале.

Данска постојано имаше водство во првото полувреме, иако Шпанија на стартот стигна до негатива од еден гол (7-8), но нивниот ривал на полувремето успеа да замине со 16-14.

Шпанците подобро го отворија вториот дел и израмнија на 17-17, но потоа следеше серија од 5-0 на данските ракометари по што ја чуваа високата предност до крајот на средбата (36-31).

Најдобар стрелец кај Данска беше Јакобсен со осум голови, додека Фис запиша девет погодоци за Шпанија.

Фото: EPA