Превц ја „прелета“ конкуренцијата и стана светски шампион во Оберстдорф (ВИДЕО)

Словенецот Домен Превц во Оберстдорф на спектакуларен начин ја потврди доминацијата во сезоната и повторно беше подобар од конкуренцијата.

Најдобриот скокач оваа сезона беше класа во вториот ден од натпреварувањето, откако во истиот влезе со 14 бодови предност во однос на Јапонецот Рен Никаидо.

Превц во третата серија имаше лет за паметење и го реши прашањето за златниот медал, откако со скокот од 232 метри стигна до водство од неверојатни 48,5 поени.

Во финалната серија Норвежанецот Мариус Линдвик се закани со кок од 231,5 метри, но не го запре Словенецот, кој одговори со скок од 222,5 метри и на крајот заврши прв со 59,5 бодови повеќе од второпласираниот Линдвик.

Превц со овој триумф стана третиот Словенец кој ја освоил титулата во ски-летови, а воедно ја запиша деветтата победа во Светскиот куп.

Фото: EPA