Лудило на ЕП: Франција за полувреме даде голови колку што други не даваат за – цел меч!

Екипата на Франција денеска го одигра најефикасното прво полувреме во историјата на Европските првенства (ЕП), откако во мечот против Португалија од втората фаза во Хернинг, каде што играше и Македонија, постигна неверојатни – 28 голови.

„Галските петли“ во првите 30 минути буквално го прегазија противникот, кој не знаеше што го има снајдено. А, дека рекордот не е остварен против „боса екипа“ доволно говори фактот што Португалците во првиот круг ја совладаа дури и големата Данска. Француските ракометари буквално летаа на теренот, поради што веќе имаат предност од дури 13 голови (28-15).

Колку за илустрација, Македонија против Данска и Романија постигна по 24 голови, а против Португалија дојде до бројката од 29 погодоци – гледано за сите 60 минути!