Ѓоковиќ му се извини девојчето за неспортскиот потег кој можеше – скапо да го чини!
Во еден момент од натпреварот, во налет на емоции, Ѓоковиќ реагираше импулсивно (види ТУКА), по што веднаш почувствува потреба да се извини јавно.
„Се извинувам, тоа не беше потребно. Реакција во жарот на моментот. Навистина ми е жал ако сум предизвикал какво било лошо чувство кај девојчето што ги собираше топчињата или кај било кој друг“, искрено порача најдобриот тенисер на сите времиња.
Токму ова извинување беше еден од централните моменти на неговата прес-конференција, со што Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека, покрај врвниот спортски резултат, ја носи и одговорноста што ја има како глобална спортска икона. Инаку, Новак го доби мечот во три сета и нагласи дека особено му значело ментално што успеал да го затвори дуелот без четврти сет.
„Третиот сет беше тежок, противникот играше агресивно и беше одличен тест за мене. Среќен сум што завршив во три сета“, изјави Ѓоковиќ.
Во осминафиналето на Австралија опен, српскиот ас ќе се соочи со чешкиот тенисер Јакуб Меншик, во обид да продолжи кон нов голем резултат во Мелбурн.