На Ѓоковиќ пак му се „споија жичките“ - за малку ќе беше дисквалификуван (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше на милиметри од нова дисквалификација, како онаа на УС Опен во 2020 година.

Во вториот сет од денешниот дуел против Ван де Зандшулп од Холандија, Новак се изнервира од еден загубен поен и луто ја удри топката кога играта веќе беше завршена. Таа заврши неколку сантиметри од девојче задолжено за собирање на топчињата кое, за среќа, навреме ја забележа опасноста и се потргна.

Ако топчето некако завршеше во нејзиното тело или во главата, тоа бездруго ќе значеше дисквалификација на Ѓоковиќ, без разлика што очигледно немаше намера да предизвика инцидент и веднаш му се извини на девојчето.