Синер никогаш немал ваква мака: Повраќаше, го фатија грчеви, а го спаси - жештината (ВИДЕО)
Италијанецот го загуби првиот сет, израмни во вториот, но во третиот имаше огромна мака и беше на милиметри од тоа да го предаде мечот. Денеска во Мелбурн беше премногу топло, Синер очигледно тоа потешко го поднесе од својот ривал, па исклучително драматично беше во тој трет сет.
Во него неколку пати поврати, па го фати грч поради кој едвај се движеше. Тоа што му направи проблеми, на крајот и го спаси - жештината. Спицири направи брејк за 3-1, Синер беше на работ на силите, не можеше нормално да се движи од грчевите и во тој момент главниот судија донесе одлука покривот на Род Лејвер да се затвори за да се создадат нормални услови за игра.
На Спицири не му се веруваше бидејќи беше во далеку подобра состојба од својот противник, но тоа му даде време на Синер да се консолидира и од 1-3 да го добие третиот сет и да поведе со 2-1. Американецот и во последниот сет имаше брејк предност, но Синер веќе беше друг играч и обезбеди триумф иако направи дури 51 неизнудена грешка, 22 повеќе од својот противник.