Ѓоковиќ без тренерот на мечот од третото коло на Австралија опен!

Српската тениска икона, Новак Ѓоковиќ ја нема помошта од својот тренер Борис Бошњаковиќ на мечот од третото коло на Австралија опен.

Причината е тоа што Бошњаковиќ не се чувствува најдобро и се оддели од остатокот на тимот. Најверојатно во прашање е некој вирус. 

Тој е одделен од останатите повеќе поради претпазливост за да не ја пренесе болеста, онака се чувствувал релативно добро.

„Борис во моментов има повеќе улоги во мојот тим, не само тренерска. Сепак, како главен тренер, сега има многу одговорност. Пред мене, тој немаше многу искуство на толку високо ниво, па затоа се развиваме и растеме заедно. Неговиот напредок во споредба со пред неколку години кога почнавме да работиме заедно поконкретно е очигледен“, рече Ѓоковиќ по победата во второто коло.

Во ложата се физиотерапевтот Милјан Амановиќ, кондицискиот тренер Далибор Широла и агентот Чарли Гомез.

Ѓоковиќ се бори со Ботик ван де Зандшулп за место во осминафиналето и за вкупно 400-та победа на Гренд слем турнирите.