Фудбалски тренер користел ЧатГПТ за да го подготви тимот - испаднале од лигата!

Тренер на фудбалскиот клуб Сочи од Русија многу се потпирал на ЧатГПТ во својата работа со фудбалерите, на крајот испаднале, а тој добил отказ.

Според изјавите на поранешниот заменик-генерален директор на клубот, главниот тренер на ФК Сочи, Роберт Морено, активно користел вештачка интелигенција во својата работа со играчите.

Алатката која ја користел тренерот креирала распореди за тренинзи и нудела „брилијантни“ совети, како што се да не се спие 28 часа пред натпревар или да се буди во 5:00 часот наутро.

Морено, исто така, се обратил до ЧатГПТ за помош при изборот на играчи - еден напаѓач избран со внесување на алгоритмот не успеал да постигне ниту еден гол во 10 натпревари.

Под водство на Морено, Сочи испадна од руската Премиер лига во Првата лига. Во есента 2025 година, тренерот бил отпуштен откако тимот успеал да освои само еден бод од седум лигашки натпревари.

Фото: ЕПА