Брера се засили со поранешен младински репрезентативец на Хрватска!

Екипата на Брера Струмица го засили својот ростер во пресрет на пролетниот дел од сезоната, откако во своите редови го доведе 22-годишниот крилен напаѓач Леонардо Петровиќ.

Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Хрватска, кој во Струмица пристигнува како слободен играч. Во есенскиот дел од сезоната Петровиќ настапуваше за хрватскиот Змијавци, а претходно беше дел и од Радник Бијељина.Новото засилување на Брера во својата досегашна кариера има и две сезони минати во редовите на Посушје, каде што стекна значајно искуство во босанско-херцеговачкото првенство.

Струмичани есенскиот дел од првенство го завршија на седмата позиција со 19 бодови, еден повеќе од Тиквеш и три од Пелистер, кои се на местата што водат во бараж за опстанок.