TФТ по продолженија ја доби драмата со Слобода во АБА 2

Екипата на ТФТ ја запиша и втората победа во борбата за плеј-офот во АБА 2 лигата откако вечерва во драматичен натпревар по продолженија славеше над Слобода Тузла со 96-91 во рамките од шестото коло.

Македонскиот претставник беше подобар на паркетот во првото полуврреме по кое имаа предност од десет поени (51-41). сепак гостите не се откажаа и се вратија во вториот дел.

Кошаркарите на Слобода заиграа многу подобро и успеаа да ја надополнат негативата, па регуларниот дел заврши со 81-81.

На крајот ТФТ беше сепак подобар во продолженијата и дојде до победа од пет поени разлика.