Македонија го освои 14. место во конечниот пласман на ЕП
Со три освоени бода во групата, нашиот национален тим има втор најдобар биланс меѓу третопласираните селекции на овој шампионат. Како резултат на тоа, го освои 14. место во конечниот пласман, а пред Македонија, од селекциите кои испаднаа во воведниот сегмент, се само Фарски Острови кои исто така освоија три бода, но имаат подобра гол разлика (нашата репрезентација има -11, а Фарски Острови +10).
Утре се играат натпреварите од групата Е, но Холандија и Грузија досега не освоија ниеден бод и немаат шанси да ја стигнат Македонија.
Сепак, ова е четврто Европско првенство по ред на кое македонската репрезентација не успева да ја помине групната фаза. Последен пат тоа го направи во 2018 година на шампионатот што се одржа во Хрватска.