Ужасна повреда на Џими Батлер – за него сезоната веќе е завршена (ВИДЕО)

Тешка повреда го одбележа дуелот меѓу Голден Стејт Вориорс и Мајами Хит (135-112), откако во третата четвртина сезоната предвреме заврши за ѕвездата на домашниот тим, Џими Батлер.

Искусниот кошаркар незгодно доскокна по еден дуел и веднаш беше јасно дека станува збор за сериозна повреда. Подоцнежните лекарски прегледи ги потврдија најлошите стравувања – Батлер ги скинал вкрстените лигаменти на коленото и нема да се врати на теренот до крајот на сезоната, што претставува огромен удар за тимот од Сан Франциско. Поранешниот играч на Мајами не можеше сам да го напушти паркетот. Со помош на соиграчите Бади Хилд и Џонатан Куминга, Батлер беше изнесен на количка, сцена која дополнително ја загрижи публиката во салата.

Отсуството на Батлер ќе се почувствува силно кај Вориорс, имајќи предвид дека оваа сезона просечно бележеше 21,3 поени по натпревар и беше еден од клучните играчи во ростерот. Повредата доаѓа во чувствителен дел од сезоната и сериозно ги комплицира плановите на Голден Стејт во продолжението од НБА-шампионатот.