Наполи со еден гол му пресуди на Сасуоло, Елмас беше принудно заменет

Фудбалерите на Наполи триумфираа против Сасуоло со 1-0 во 21. коло од италијанската Серија А, па така освоија важни три бодови во трката за Скудетото, но победата падна во сенка на принудната замена на Елиф Елмас.

Станислав Лоботка во седмата минута успеа да ја затресе мрежата на Сасуоло и да донесе предност за „небесно-сините“.

Македонскиот репрезентативец беше принудно заменет во 56. минута, откако падна на тревникот и не можеше да ја продолжи играта, а медицинските прегледи треба да покажат што се случува со Елмас.

Наполи по 21 одигран меч е на делба на втората позиција со Милан, односно имаат по 43 бодови.