Велковски раскина со Зрињски, се отвора ли простор за враќање во Вардар?!

Македонскиот интернационалец Дарко Велковски повторно е слободен агент откако ја прекина соработката со босанскиот тим Зрињски Мостар.

Велковски пристигна во екипата од Мостар минатото лето, но Зрињски реши да се разделат по само половина година соработка, а ова му дава „одврзани раце“ на македонскиот фудбалер да преговара со други екипи.

Една од опциите за искусниот дефанзивец е најтрофејниот македонски тим Вардар, кој оваа сезона има високи амбиции и ќе се бори за титулата во Првата лига.

Велковски се поврзуваше со „црвено-црните“ и минатото лето, но Македонецот на крајот заврши во босанскиот гигант.

Искусниот македонски фудбалер претходно играше за Динамо, Ал-Етифак, Риека, Работнички, додека дресот на Вардар го носеше од 2015 до 2018 година.