Адеми и Динамо беа декласирани во Загреб од Локомотива (ВИДЕО)

Екипата на нашиот интернационалец Аријан Адеми, доживеа тежок пораз од 1-4 на „Максимир“ од својот градски ривал Локомотива Загреб.

Распадот на Динамо започна во осмата минута од средбата кога Мајер стрелаше прецизно од пенал за водство на гостите од 0-1. Петнаесетина минути подоцна Олмо успеа да го врати во живот домашниот состав, откако измрани на 1-1, но нивната радост траеше до самиот финиш на првото полувреме, кога Кастрати ја врати предноста на Локомотива.

До крајот на мечот повторно Мајер беше стрелец од пенал, а конечните 1-4 ги постави Кастрати во 67. Минута.