Историски рекорд: Тинејџер од Австрија леташе со птиците во легендарниот Гармиш (ВИДЕО)
Тој во квалификациите за утрешниот натпревар, втор на програмата од новогодишната турнеја Четири скокалници, оствари фантастичен лет од 145,5 метри, што претставува најдолг скок во историјата на оваа скокалница. Со овој резултат, тинејџерот го надмина досегашниот рекорд, кој исто така беше во сопственост на австриски натпреварувач – Михаел Хајбок, кој на 1 јануари оваа година година скокна 145 метри.
Настапот во Гармиш-Партенкирхен е уште една потврда дека Ембахер важи за една од најголемите надежи на австриските и светските ски-скокови. Тој досега само еднаш се искачил на подиумот, а на претходниот натпревар во Оберстдорф го освои седмото место.
ФОТО: EPA PHOTO