Усик го раскина договорот - не сака повеќе да се бори во С. Арабија!

Шампионот во тешка категорија, Олександр Усик ја прекина соработката со моќната саудиска организација „Ријад Сизон“, затоа што не сакал во иднина да се бори во Саудиска Арабија.

По серијата спектакуларни борби во С. Арабија, меѓу кои и двете битки против Тајсон Фјури, на партнерството му беше ставен крај.

Тимот на Усик потврди дека неговата идна борба ќе ја промовира американска група, а менаџерот Егис Климас изјави дека преговорите напредувале со голема брзина.