Мбапе го повредил коленото и ќе го пропушти почетокот на 2026 година!
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Мбапе го повредил коленото, па го чека пауза од три недели.
„Кралевите“ во тој период треба да одиграат три натпревари, па Мбапе нема да игра против Бетис, Атлетико Мадрид и Леванте.
Враќање на францускиот голгетер се очекува дури на 20 јануари против неговиот поранешен клуб Монако во Лигата на шампиони (ЛШ).