Миовски го напушта Ренџерс и се враќа на Балканот!?
Ренџерс бара нов напаѓач, што значи дека е загрозено местото на Миовски, па поради тоа шкотскиот тим планира да го испрати на позајмица во лидерот во хрватскиот шампионат.
Динамо Загреб е свесен за квалитетот на македонскиот напаѓач, кој не блесна по доаѓањето во Ренџерс. Миовски настапи на 22 меча за шкотскиот клуб оваа сезона, а притоа постигна пет голови и една асистенција.
Миовски претходно играше за Брегалница, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Ренова во Македонија, додека во странство ги носеше дресовите на МТК Будимпешта, Абердин, Жирона и Ренџерс.