Роналдо нема дилеми: Знам дека ќе дадам 1.000 голови!

Критијано Роналдо вчера во Дубаи беше прогласен за најдобар фудбалер за 2025 година на Блискиот Исток, a при добивањето наградата уште еднаш зборуваше за неговата најголема цел во кариерата.

Португалецот изрази задоволство, но и потенцираше дека очекува да дојде до бројката од 1.000 голови на официјалните натпревари.

„Ќе продолжам со иста сраст и глад за да ги достигнам моите цели. Благодарен сум на сите кои ме поддржувате. Сакам да продолжам да освојувам трофеи, знаете и која е мојата најголема цел. Сигурен сум дека доколку ги избегнам повредите и нешто слично, ќе дојдам до бројката од 1.000 голови во кариерата“, изјави Роналдо.

На последниот натпревар за Ал Наср и победата над Ал Охдод од 3-0, Роналдо постигна два гола со кои дојде до бројката од 956.