Урнебесно: Како Тома Здравковиќ ги збратимил „крвните непријатели“ од Работнички и МЗТ (ВИДЕО)
По урнебесната приказна за играњето пред цела сала пијани навивачи за време на славата Свети Никола во периодот кога настапуваше во Свети Николе, тој раскажа и уште една за тоа како Тома Здравковиќ го „поврзал“ со лутиот ривал од МЗТ, Игор Пенов. Станува збор за случка кога двајцата беа дел од Кожув и кога по игра на случајноста станаа цимери во ист стан.
„Доаѓам во станот во кој ме упатија од Кожув, гледам во него Игор Пенов – миленик на навивачите на МЗТ, а јас на Работнички. Јас и он не се поднесуваме, на теренот се тепавме во секоја прилика, двајцата бевме таков тим на играчи. Он ме гледа, јас го гледам и двајцата имаме ист израз на лицата – кај се погоди баш ти во станот“, ја почнува приказната популарниот „чика Миге“.
Двајцата потоа наоѓаат заеднички јазик, заминуваат во фришоп по парфеми, а се враќаат со три шишиња виски, кои потоа со помош на песните на Тома Здравковиќ не само што ги смириле, туку од нив направиле големи пријатели. Целата урнебесна приказна во детали може да ја погледнете во приложеното видео.