Половина Европа прашува за Димитриевски! (ФОТО)

Тоа е насловот на „АС“ кој пишува дека македонскиот голман е мета на повеќе европските клубови кои го чекаат развојот на неговата ситуација во Валенсија.

Шпанскиот весник ги споменува Клуб Бриж, Џенова и Борнмут како екипи кои чекаат да видат дали Димитриевски би ја напуштил Валенсија за време на јануарскиот преоден рок.

Димитриевски вчера го прослави својот 32. роденден. А покрај пораките со честитки, на неговиот телефон тој добива и повици од клубови кои го сакаат неговиот потпис.

Македонскиот голман нема да му го земе местото на Хулен Агирезабала во Валенсија, тоа е јасно, па мора што е можно побрзо да излезе од клубот кој испадна нефер кон него.

Искрените изјави кои ги даде во Македонија дополнително може да влијаат на одлуката тој да замине од Местаља.

Од трите споменати клубови Борнмут би бил најатрактивната дестинација со оглед на тоа што Димитриевски би настапувал во Премиер лигата. Добро искуство би било и Џенова, поранешниот клуб на Пандев во Серија А. Третата дестинација е Клуб Бриж од Белгија, таму би бил во сенка на јавноста, но тоа е клуб кој настапува во Лигата на шампионите.