Трагедија: На фудбалер на Ајакс му ја убија свршеницата – цел стадион плачеше со него (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на втроиот тим на Ајакс, Марк Веркујл (19), се соочи со огромна лична трагедија, откако неговата свршеница Елиса (21) почина од повредите здобиени во сообраќајна несреќа со бегство на возачот.

Инцидентот се случил на 18 декември во централна Холандија, кога девојката била удрена од автомобил додека трчала. Таа со тешки повреди била пренесена во болница, каде подоцна им подлегнала. Полицијата информираше дека 54-годишната возачка избегала од местото на несреќата, но подоцна била пронајдена и приведена, а истрагата е во тек.

И покрај тешката загуба и повредата поради која не е во натпреварувачки ритам, Веркујл во неделата се појави со тимот на Ајакс 2 пред мечот против РКЦ Валвик. Пред почетокот на средбата беше одржана минута молк, а фудбалерите настапија со црни ленти. Емотивната сцена го одбележа моментот кога младиот играч пред трибините го подигна дресот со името на својата партнерка, гест кој беше испратен со долг аплауз од публиката.

Натпреварот заврши со пораз на Ајакс (0-2), но резултатот остана во втор план, засенет од трагедијата што ја потресе холандската и европската фудбалска јавност.