Поранешна НБА ѕвезда дојде во Белград да гледа дерби, го „начукаа“ со 10 ракии
Импресиониран од атмосферата во Арена, поранешниот француски центар не го криеше своето воодушевување од тоа што го гледа, но и призна дека на натпреварот дошол прилично „под гас“, односно под дејство на алкохол.
„Веќе испив десет ракии, се чувствувам прекрасно и подготвен сум за натпреварот“, објави Ноа пред почетокот на дербито.
Партизан ја победи Црвена Звезда со 79-76, благодарение на големиот пресврт во последната четвртина што веројатно дополнително го засилило доживувањето кај Французинот.