Неверојатно: Алонсо има само еден дефанзивец за дуелот со Алавес!
Шпанскиот стратег нема дефанзивци на располагање, здрав е само Асенсио, а неизвесен е Хујсен кој се врати од повреда и нејасно е дали ќе биде подготвен за мечот со Алавес.
Алонсо нема да може да смета на Ридигер, Милитаро, Алаба, Карерас, Менди, Фран, Карвахал и Трент Александер Арнолд.
Проблем е тоа што во аут е и Камавинга кој знаеше да одигра на бековските позиции.
Тренерот на Реал Мадрид ќе мора да прави импровизации за важниот дуел со Алавес од кој можеби му зависи и иднината.