Нова радост за Ренџерс: Миовски со два гола ги замолче критичарите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец и напаѓач на Ренџерс, Бојан Миовски беше стрелец на два гола во победата од 3-0 против Килмарнок во 15. коло од шкотскиот шампионат.

Миовски беше жестоко критикуван во изминатиот период поради лошата форма во која се наоѓаше, меѓутоа Македонецот вечерва одговори најпрво со гол во 33. минута, а потоа и во 54. минута за предност од 2-0 на Ренџерс.

Ренџерс до третиот гол стигна преку Мур во 81. минута, со што оствари уште една победа во првенството.

Фото: X/Rangers Football Club

 

Standings provided by Sofascore